Судијката Добрила Кацарска останува претседател на судечкиот совет во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот во кој обвинета е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Претседателот на судот, Иван Џолев донесе одлука со која го одби како неосновано барањето на адвокатите за изземање на Кацарска.
Одбраната бараше изземање на судијката бидејќи, според неа, ја дискриминира и понижува обвинета за што достави и одлука на Комисијата за заштита од дискриминација.
По соопштување на одлуката на претседателот на судот, Кацарска го продолжи судењето со повикување на шестмината сведоци кои останаа за испрашување по предлог на СЈО. ПО ова треба да се слушаат и осум бомби.