Градоначалникот на Скопје, а поранешен пратеник Петре Шилегов, е вториот сведок, по пратеникот Мухамед Зекири, кој влезе во судница да сведочи за 27 април.
Откако одговори на првото прашање на обвинителката Вилма Рускоска, судијката Добрила Кацарска му се обрати да зборува погласно за да може да го слушна записничарот и другите присутни.
– Кога сте во Собрание викате сите толку гласно, а кога сте во суд не ве слушаме – му рече Кацарска.
– Мене ми е страв да не ги уплашам присутните во салата инаку не ми е проблем. Сум викал и ќе викам – рече Шилегов.