Кафеанска телешка чорба, нема да можете да ѝ одолеете

Иако највкусна е да се јаде во кафеана, телешката чорба можете да ја приготвите и дома.

1300

Состојки:
– 500 грама телешко месо од бут или врат
– 1 главица црвен кромид
– 2 моркови, пашканат, магдонос
– 1 корен од целер
– 2 компири
– 1 дл масло за јадење
– 2 лажички брашно
– 2 дл кисела павлака
– 1 жолчка
– сол, бибер, ловоров лист, малку магдонос

Приготвување:
Кромидот ситно исечкајте го па динствувајте го во масло. Додадете го месото исечкано на коцки (со коските, ако ги има), сипете вода за да го прекрие месото и варете на тивок оган околу еден час.

Додадете го зеленчукот исечкан на коцки, додадете сол, бибер па сипете околу 2 литри вода.

Направете и запршка од две лажици брашно, па сè заедно гответе уште околу половина час.

Пред сервирање, во готовата чорба додадете павлака со изматена жолчка и посипете ситно исечкан магдонос. По желба, телешката чорба може да се консумира со малку оцет или лимонов сок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...