Катругалос ќе ја претставува грчката влада на инаугурацијата на Пендаровски

646

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос како претставник на грчката влада, ќе присуствува на инаугурацијата на Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина.

„Министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, утре, 12 мај ќе замине за Скопје за да ја претстави грчката влада на инаугурацијата на новиот Претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски“, соопштуваат од грчкото МНР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...