Катругалос ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа

510
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, ја потпиша ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

– Штотуку го потпишав ратификуваниот закон на историскиот Договор од Преспа. Грција е протагонист во мирот и стабилноста на Балканот и Европа. Нова ера во нашите односи со нашите соседи, напиша Катругалос на неговиот официјален Твитер профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...