Катругалос: Преименување на Аја Софија е навреда за христијаните

390

Шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, по повод изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, за можноста Аја Софија, која е музеј, да се пренамени во џамија, ја оцени како навреда не само за христијаните, туку и на меѓународната заедница.

– Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус – посочи Картугалос.

Тој додаде дека Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.

Византиската црква Света Софија е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...