Катрин Денев итно пренесена во болница

Актерската дива стана славна во 1960-тите години како симбол на убавината и женственоста.

771

Француската актерска легенда Катрин Денев (76) синоќа во тешка состојба е префрлена во болница во Париз.

Како што пренесуваат француските медиуми, односно „Л Паризиен“, актерката имала ненадејна и страшна мачнина.

Актерската дива стана славна во 1960-тите години како симбол на убавината и женственоста.

Последен пат во јавноста се појави на средината на октомври, кога присуствуваше на премиерата на филмот „Ирак“ во Париз, а претходно присуствуваше на ревијата на „Луј Витон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...