Според предлогот на градските власти, гаражата „Македонска фаланга“ во близина на трговскиот центар „Рамстор“ ќе се вика „26-ти Јули“. Поводот е 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот, објави „Независен весник“.
Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улица „Даме Груев“ се предлага да се преименува во „Беко“, заради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од стоковната куќа „Беко“.