Катната гаража „Судска палата“ повторно отворена, плаќањето може и електронски

204

Катната гаража „Судска палата“ која повеќе од еден месец не беше во функција заради дефект со електричното напојување, од денеска повторно започнува со работа. 

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на покривот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000 денари.

Од понеделник сите корисници кои треба да склучат или да продолжат договор или да извршат плаќање да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...