Катлановска бања: Работевме и работиме согласно законите

351

Катлановска бања ДОО Скопје е правно лице, кое ја врши дејноста за која е основано повеќе од неколку децении, со правно валидни договори со државни институции.
Катлановска бања учествува во разни државни проекти и за истите во неколку наврати било подлежно на разни инспекциски надзори, и при тоа воопшто немало никава забелешка и од формално правен и од материјално правен аспект на неговото работење, реагираат преку соопштение од Бањата, откако неколку дена се во центарот на вниманието на јавноста за нивното работење.

Од таму додаваат дека фактичката состојба е дека согласно законските прописи, ја вршат дејноста со Решение бр. 12-1206/1 од 24.10 2000 година. Го доставуваат Решението на Министерство за здравство.

– Во меѓувреме, следејќи ги актуелните и тековни законски измени, поднесовме Барање за обновување на дозволата за работа до надлежен орган а со оглед на тековните измени на Законот за здравствена заштита. По однос на претходно цитираното барање, сеуште чекаме одговор од страна на надлежниот орган.
Уште повеќе што, работењето со бањско лекување и туризам, очигледно претставувало и претставува нерегулирана зона од правен и фактички аспект.
Ние постојано преземаме дејствија со цел усогласување на нашето работење со позитивните законски прописи – велат од Катлановска бања.

Од таму додаваат дека дополнително, по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по директивите од инспекторатот, веднаш согласно истите и согласно Законот за санитарна и здравствена инспекција поднеле Барање за основање на приватна здравствена установа. Барањето е поднесено на  04.05.2018 година.

– Во насока на склучените договори со ФЗОМ, самиот Фонд јавно се произнесе дека истите се склучени врз основа на мислењето и писмената потврда од Министерството за здравство, бидејќи Катлановска Бања е составен дел од здравствената мапа на  Македонија. Со цел правилно да ја информираме јавноста, но со крајна цел утврдување и искажување на вистината, под целосна морална и материјална одговорност изјавуваме дека Катлановска Бања во досегашната своја историја работела и работи согласно сите законски прописи. Ниту една околност или факт немаме прикриено ниту пак неприкажано. Целокупното работење се заснова и базира на транспарентност, законитост и почитување на правото, се со цел задоволување на потребите на корисниците на услугите – велат од Катлановска Бања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...