Катица Јанева со полициска придружба ја спроведоа кај Русковска

1372

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева десетина минути пред 12 часот со полициски возила и комбе беше спроведена во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција од затворот во Шуто Оризари. Таму таа се наоѓа како третоосомничена во случајот „Рекет“.

Таа денеска од обвинителката Вилма Русковска или нејзините колеги ќе го прими решението дека истрагата за неа е завршена. Можеби ќе даде и исказ, но тоа засега не е потврдено бидејќи може да побара прво да изврши увид во доказите, а потоа да дава исказ.

Истрагата за Катица Јанева, но и за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, како што соопштија од Обвинителството, е завршена вчера кога и почна дс тече рокот од 15 дена за увид во доказите.

Вчера во обвинителството беше спроведен и првоосомничениот Јовановски, а неговиот адвокат Сашо Дуковски бурно реагираше посочувајќи дека се случил преседан бидејќи осомничениот бил повикан за исказ а му било доставено решение за завршена истрага. Боки 13 вчера не сакал да даде исказ затоа што немале увид во доказите, прво ќе го направат увидот,а потоа тој ќе даде исказ.

Преку соопштение, од обвинителството вчера наведоа дека исказ на осомничено лице не е процесно дејстви што подразбира дека исказ може да се даде и во рокот кога се врши увид во доказите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...