Катица Јанева работела незаконски, несовесно и нестручно, падна предлог да се разреши

402

Комисијата за избори и именувања без дискусија и едногласно одлучи да му препорача на Собранието да ја разреши Катица Јанева поради незаконско, нестручно и несовесно раководење со СЈО, изјави Илија Димовски, претседател на собраниската комисија.

Овој предлог го донесоа членовите на Комисијата на седница која беше затворена за јавноста и за многу кратко време, речиси по еден час, рок во кој пратениците прво го разгледаа извештајот, а потоа како што нагласи Димовски едногласно и без дискусија одлучиле да дадат предлог за разрешување на обвинителката.

На новинарско прашање дали во извештајот има доволно силни докази за да ги убедат пратениците во краток рок да предложат разрешување на Јанева, Димовски одговори дека се согласува со поранешниот претседател на Советот на јавни овинители кој  откако ја утврди факичката состојба, рече дека има доволно елементи во извештајот дека Јанева работела спротивно на законите, несовесно и нестручно.

Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. На пленарката нема да се расправа за извештајот на Советот на обвинители, туку само за предлогот за разрешување.

Пратениците одлуката треба да ја донесат со двотретинско и со бадентерово мнозинство, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...