Катица Јанева криела и од пратениците колку трошело СЈО, а исплаќала баснословни хонорари

2516

Пратеникот Антонио Милошоски денеска откри дека во изминативе неколку години  во сите финансиски извештаи кои што СЈО ги доставувало до Собранието не биле наведени прецизни ставки во трошењето на средствата.

Тоа, како што рече Милошоски, не било случајно, туку имало за цел да се сокријат високите суми на исплатените хонорари, но и сторените злоупотреби.

– Разгледани се сите извештаи и во сите пишува, поголем дел од средства се потрошени за наемнини, хонорари, набавки и слично, помал дел не се потрошени. Не се кажува колку се потрошени на вештаци, колку се потрошени на плати, колку се потрошени на хонорари, колку се потрошени на јавни набавки. Она што го имаме како сознание дека имало злоупотреба и прекршување на постојните законски прописи од страна на СЈО при вршењето на јавни набавки внатре во СЈО односно индиции дека се злоупотребени пари на граѓаните, несовесно, незаконски и нестручно за нечија сметка односно за нечие материјално богатење – објави Милошоски.

Од друга страна, истакна пратеникот Милошоски, имале податоци дека биле исплатувани „несразмерно високи хонорари“.

– На блиските роднини на помошници обвинители внатре во СЈО или на самата специјална обвинителка или на блиските лица на судии, обвинители, пратеници, функционери и министри надвор од СЈО, кои што биле вработени во СЈО им се исплаќани несразмерно високи хонорари по потпишани договори за чување на деловна тајна, а самиот опис на работа на човек кој што влегува да работи во обвинителска функција, основната плата му е во описот на тоа да биде претпазлив и да чува деловна тајна односно нема за тоа потреба за посебен договор – открива Милошоски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...