Катица Јанева излегува од болница, се враќа во Шутка

161
20160212 Friday katica janeva

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба.

– Најверојатно ќе биде пуштена денеска напладне и тогаш ќе знам повеќе детали – изјави Фрчковска.

Поради висок притисок и општа анксиозност Јанева минатата недела беше пренесена на клиниката „Жан Митрев“ на интернистичко кардиолошки преглед.

Фрчкоска, на 10 октомври, кажа дека Јанева е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да ѝ биде заменет со куќен притвор и понуди гаранција, но Судот го одби ова барање. Адвокатите се жалеа и сега Апелација треба да одлучи за жалбите.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...