Катимерини: Нов предлог на маса поврзан со Крушевската република

2182

Ново име за севкупна употреба е ставено на маса, откако нема согласност за предлогот Илинденска Македонија, пишува денеска грчки Катимерени. Според нивни дипломатски извори – новото име досега не е познато за јавноста, а е поврзано со Крушево и илиденскиот период.

Грчкиот весник вели дека новото име ќе го рефлектира словенското потекло на земјата, отфрлајќи поврзаност со антиката. Според „Катимерини“ македонската страна ги одбила предлозите Горна Македонија и Нова Македонија како „ерга омнес.

Весникот пишува дека министерот за надворешни на Грција, Никос Коѕијас е во засилен дипломатски спринт. И по утрешната средба со колегите министри за надворешни работи во Брисел ќе отпатува во Германија каде ќе се сретне со претседателот Штајнмејер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...