„Катимерини“: Иницијатива од Грција за ЕУ перспективата на С. Македонија и Албанија би го кренала авторитетот на Атина

Она што би можело да се направи, според грчкиот весник, е на состанокот на министрите за надворешни работи овој месец, Италија одново да го отвори прашањето за датум за пристапни преговори за Скопје и Тирана, да се разгледа одлуката на претходниот Самит и да се свика вонреден пред изборите во април.

60

Ако Грција сака одново да се врати на Балканот, можеби сега е најсоодветниот момент, пишува весникот „Катимерини“ во анализата за ситуацијата на Балканот, особено во Северна Македонија и Албанија по француското вето на Самитот на ЕУ, но и за позицијата на Грција и нејзините можни следни чекори, јави дописничката на МИА од Атина.

– Една иницијатива од Атина за одново, во следниот период во ЕУ, да се дискутира барањето за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија нагло би го подигнала авторитетот на Грција и би ја вратила на позицијата на кредибилен европски играч на Балканот, проценуваат дипломатски извори зад нашите граници, пишува „Катимерини“.

Дипломат од земјите што се директно засегнати за весникот се запрашал „зошто сега да не преземе иницијатива грчката страна, која од 2003 имаше амбиција да стане локомотива на балканскиот воз кон Европа“ и додал дека резултатот би бил позитивен не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за Грција, но и за останатите балкански земји.

„Катимерини“ коментира дека една иницијатива би била добредојдена за албанскиот премиер Еди Рама, а за Зоран Заев „може да послужи како спас на претстојните парламентарни избори, на кои е под закана од тежок пораз од  националистите, доколку Европа не стори ништо за да му помогне во последниот момент“.

Она што би можело да се направи, според грчкиот весник, е на состанокот на министрите за надворешни работи овој месец, Италија одново да го отвори прашањето за датум за пристапни преговори за Скопје и Тирана, да се разгледа одлуката на претходниот Самит и да се свика вонреден пред изборите во април.

– Ваквата разврска за да има среќен завршеток ќе треба Франција да ја има смени позицијата, но засега такво нешто не произлегува од никаде, а Макрон и понатаму го има вниманието насочено кон внатрешниот фронт (и) за прашањето со проширувањето, пишува весникот.

Во однос на Договорот од Преспа и сценариото за „замрзнување“ на ерга омнес во внатрешноста, новинарот коментира дека теоретски тоа може да се случи „од моментот кога имплементацијата е поврзана со интегратнивниот процес кој е замрзнат барем до јуни“ и додава дека ова, политички би му било во корист на македонскиот премиер во пресрет на изборите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...