„Катимерини“: Грчките воени сили се во состојба на подготвеност

Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење за нафта и за гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во режим на подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран.

453

Грчките вооружени сили се во состојба на подготвеност поради продолжување на можен турски „провокативен” настап во источниот Медитеран, објави грчкиот весник Катимерини.

Според грчкиот весник, и покрај повиците на ЕУ за прекин на дупчење за нафта и за гас во ексклузивната економска зона околу Кипар, Грција останува во режим на подготвеност за да се спречи евентуалната ескалација во источниот Медитеран.

Весникот додава дека клучното прашање во Атина е како да се реагира доколку Турција спроведе истражување, според грчките официјални лица, во грчкиот континентален појас.

– Плановите се првенствено засновани на маневрите на грчката морнарица, бидејќи Турција ги користи истражувачките бродови за да го одреди своето присуство во регионот, но грчката авијација ќе игра улога во секој одговор”, нагласува грчкиот весник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...