„Катимерини“: Во Атина се заработува и до 1.500 евра месечно од Airbnb

686

Во одредени населби во Атина, особено во центарот и во близина на туристичките атракции, сопствениците на станови кои ги издаваат преку платформата Airbnb, имаат месечни приходи што достигнуваат и до 1.500 евра, пишува грчкиот весник „Катимерини“, jави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од компанијата за анализа на краткорочни изнајмувања „Airdna“, што ги пренесува грчкиот весник, активни се 11.355 огласи на онлајн платформата само за Атина.

– Во летната сезона, просечниот дневен приход достигнува 57 евра, што се претвора во месечна кирија во просек од околу 982 евра. Овој износ произлегува ако се пресмета и месечната исполнетост од 77 отсто – пишува грчкиот весник и додава дека овие бројки се менуваат и достигнуваат до 1.533 евра месечно во населбите што се популарни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...