Легендарниот првак на светот во шах Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Мајкрософт „Светла иднина на луѓето + машините“ во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност.
Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу“ во 1997 година откако „направил повеќе грешки“.
– „Дип Блу“ не беше некоја извонредна машина; напротив, едноставно не ја повторуваше истата тактика кога играше шах – истакна Каспаров, додавајќи дека не би требало да постои дилема „човекот или машината“.
Тој потенцира дека кога интуицијата и искуството на човекот соработуваат со аналитичките моќи и брзината на компјутерите, тогаш може да се постигнат многу работи.
– Машините нема да ја заменат човековата креативност ниту емоционалната чувствителност, но можат да ни помогнат да истражиме нови хоризонти кои не можеме ниту да ги замислиме – посочи Каспаров