Касиљас е добро, но ќе остане во болница до крајот на неделата

157
Photo: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Голманот на Порто, Икер Касиљас ќе остане во болница барем до крајот на неделата, објавија португалските изданија.

Касиљас доживеа срцев удар за време на тренинг-сесијата на португалскиот тим во средата. Веднаш беше однесен во локалната болница каде што беше опериран.

Во моментов 37-годишниот голман е надвор од опасност и стабилен во интензивно одделение. Тој ќе остане под медицински надзор додека лекарите не проценат дека е во доволно безбедна состојба, за да биде пуштн. Очекувањата се да остане во болницата барем до крајот на неделата.

Претседателот на Порто, Хорхе Нуно Пинто да Коста потврди дека за сега, Касиљас ќе остане во болница, а потоа ќе помине низ „период на одмор и неактивност“.

Според португалското издание „А Бола“, периодот за опоравување на Касиљас ќе биде три месеци, по што ќе може да ги забрза своите спортски активности и да го зголеми товарот.

Во оваа фаза, не е исклучено Касиљас да игра за Порто следната сезона ако се процени дека неговата состојба го дозволува тоа.

Photo: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...