Беса информира дека на денешната седница на Централното собрание донеле заклучок, според кој партиското централно претседателство треба да донесе одлука како да гласаат нивните двајца пратеници за уставните измени.
– За жал, од политички аспект, може да се заклучи дека Македонија не го надмина кризниот период особено со фактот дека правниот систем и државата се трансформирале во „пазарна економија” за да се реализира политичката агенда. За жал, оваа година земјата е подалеку од европските вредности и принципи. 2018 година ќе се памети како година на амнестија на криминалот, прикриени коруптивни работи – афери, екстремната политизација на судството и трансформирање на Собранието како институција која го спречува владењето на правото – вели Касами.
Од eкономскиот аспект, според Касами, Македонија не само што немала прогрес и економски раст, напротив имало стагнација и влошување.
– Отежнати услови на стопанисување, недостаток на перспектива, наметна голем очај во населението и како резултат на сето ова младите се почесто се одлучуваат да најдат засолниште во развиените европски земји за да се изгради својата иднина далеку од татковината. Се надеваме дека, како што ја оставаме зад себе 2018 година, заедно со тоа се надеваме дека зад себе ги оставаме горчливите настани што се случија во оваа година. Се надевам дека новата година ќе биде нова надеж за граѓаните на Р. Македонија, една година во која правдата ќе биде достапна за сите, каде што политиката ќе биде во служба на правдата, а не во служба на криминалот. Се надеваме дека наредната година ќе биде година на целосна еднаквост меѓу сите граѓани на Р. Македонија и со тоа да се заокружи интеграцијата на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ – порача Касами.