Крилото на БЕСА на Билал Касами нема да се приклучи кон заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот. Тие најавуваат посебна кампања со која ќе ги мотивираат гласачите за поддршка на референдумот.
– Ние како БЕСА уште од почетокот кажавме дека сме за успех на референдумот. Бевме и остануваме една од главните опозициски партии и јасно кажавме дека ќе работиме за успех на референдумот. Во тој дел ќе бидеме во координација со сите политички партии кои сакаат да успее референдумот и Македонија да биде дел од евроатланските интеграции, рече Касами.
Тој додаде дека истовремено како политичка партија ќе работат да ги мотивираат опозициските гласачи, особено Албанци за да успее референдумот.
– Свесни сме свесни дека во моментот е многу важно да се постигне цензусот на референдумот и затоа со своја кампања ќе ги мотивираме гласачите. рече Касами по лидерската средба што се одржа вечерва во хотелот „Холидеј Ин“.