Касами побарал од Заев министерско место за БЕСА

Неделава треба да следува нова средба на која треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.

597

Движењето Беса предводено од Билал Касами во преговорите за влез во Владата на премиерот Зоран Заев побарало да предводи еден од министерските ресори.

Пратеникот Фадил Зендели денеска кажа дека на средбата што се одржала во понеделникот вечерта Касами и Заев зборувале за влез на ова крило на Беса во Владата, како и оти на средбата било посочено дека тие се заинтересирани да раководат со едно министерско место со ресор. Допрва неделава треба да следува нова средба на која, според него, треба да се разговара за ресорите и за евентуалните имиња.

Премиерот Заев за претстојната владина реконструкција вчера на прес конференција информира дека привршуваат разговорите со потенцијално новите владини партнери. Тој, како што кажа, завчера имал средба со раководството на БЕСА, но и со крилото од оваа партија предводено од Африм Гаши, како и со ДПА, а предвидени биле и дополнителни консултации.

– Ако успееме да ги номинираме предлозите, телата на партиите ќе треба да донесат одлуки – подвлече премиерот Заев.

Официјални информации за преговорите се уште нема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...