Договоривме да се оди на предвремени парламентарни избори, изјави лидерот на Беса, Билал Касами по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– Цело време опстојуваме на тоа дека по ова што се случи со недобивање на датум за преговори, Северна Македонија и граѓаните на Република Северна Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат. Да ги сработиме домашните задачи со цел на следниот самит на ЕУ да добиеме датум за преговори – рече Касами.
Тој, исто така, ја поздрави идејата на претседателот Пендаровски за организирање ваква лидерска средба.
Фото: МИА
ИЗЈАВИ НА ДРУГИТЕ ЛИДЕРИ ПО СРЕДБАТА:
Заев: Одиме на избори на 12 април 2020 (ВИДЕО)
Села: Да не беше мојата потпретседателка, лидерската ќе беше собир на клуб на мажи
Тачи: На Македонија ѝ се потребни фер и демократски избори
Гаши: На 12 април ќе изгрее ново сонце особено кај Албанците