Касами: Без да ни се исполнат барањата нема глас за уставните измени

4258

Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва го изјави лидерот на Беса, Билал Касами во дебатнион магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Условите на Беса се да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.

Денес попладне почна третата фаза од уставните измени. На седницата премиерот Зоран Заев го изложи своето резиме за уставните измени, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 13 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...