Бидејќи денес во Берлин не се одржа ветувањето за отпочнување на преговорите со ЕУ овој месец, а и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на годинава, го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и веднаш да распише предвремени парламентарни избори – изјави претседателот на БЕСА, Билал Касами.
Тој додаде и дека после ваквите избори сигурно ќе дојде политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на државата во Европската Унија.
– Северна Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на Владата да ги аплицира очекуваните реформи, туку заради убедувањето и определбата на сите граѓани на државата – смета лидерот на БЕСА.