Касами бара Гаши да го врати пратеничкиот мандат

911

Билал Касами, претседател на тетовското крило на Беса, вчера од Струга му порача  на Африм Гаши, претседател на скопското крило на Беса да формира нова партија доколку има барем малку достоинство.

– Пратеникот Африм Гаши ако има минимално достоинство треба да го врати мандатот, да формира свој политички субјект, да се натпреварува на изборите и да ги бара гласовите од електоратот – рече Касами за Струга експрес на прашање која Беса е по силна, таа на Касами или на Гаши.

Касами е дециден дека има само една Беса.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...