Општина Карпош ќе доделува пари за замена на стари куќни водомери со нови ултразвучни и нивна интеграција во системот на далечинско отчитување на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев нагласи дека ова е грант од ЕБРД преку Министерството за транспорт и врски кој ќе изнесува околу 200.000 евра. Со овој проект би се опфатиле 500 куќни домаќинства.
Општината одобри и субвенционирање за купување нови велосипеди. По масовниот интерес за првата ваква акција, во која беа предвидени 300.000 денари, локалната самоуправа продолжува со уште една ваква акција, во која се предвидени дополнителни 360.000 денари за карпошани да купат нови велосипеди.
Општината одлучи да ги даде времено под наем просториите на надвозникот „Влајко“ на Министерството за земјоделие на Република Македонија.