Вкупно 14 ученици апликанти од основните училишта во Карпош, осмо и деветтоодделенци, добија спортски стипендии за учебната 2019/2020 година. Филип Дочиноски ( 9-то одд.), од „ Христијан Тодоровски Карпош“ во кошарка доби стипендија од 3.000 денари, како и осмоодделенецот-кошаркар Карло Димевски од ООУ „ Владо Тасевски“ ја доби истата сума. Осмоодделенците од „Владо Тасевски “ Марио Џон и Никола Шашков, како и осмоодделенецот Петар Цонковски од „ Војдан Чернодрински“, во спортската категорија бадминтон исто така се стипендирани со по 3.000 денари, информира Општина Карпош.
Пливачките Калина Стојановска (9-то одд) и Јана Милковска ( 8 одд), од „ Димо Хаџи Димов, како и Коста Серафимовски од приватно училиште се стипендирани основци-карпошани со по 3.000 денари месечна стипендија.
Одбојкарката Фани Поповски (9 одд), од „ Владо Тасевски“, фудбалерот Андреј Данчевски (8 одд) од „ Лазо Трповски“, како и атлетичарката Снежана Туневска од „Јан Амос Коменски“, добија стипендија по 3.000 денари.
Стипендирани со по 2.000 денари месечен износ се деветтоодделенките Теона и Леона Топаловска од ООУ „Лазо Трповски“ во спортската категорија борење.
Општината најавува дека наскоро ќе распише и огласот за талентирани ученици од територијата на Општина Карпош. Сите заинтересирани ќе можат да аплицираат согласно претходно утврдените критериуми за јавување на овој конкурс.