Карпош ги собра пливачите од земјава и регионот на Меѓународниот турник „13 ноември“

296

Во базенот кој функционира во состав на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вчеравечер се одржа осмото издание на Меѓународниот турнир во пливање „13 Ноември“. Станува збор за традиционален спортски настан, кој се организира во пресрет на одбележување на Денот на ослободувањето на Скопје (13. Ноември).

Натпреварувањето го организираше пливачкиот клуб „Бета Шаркс“, со овогодинешна поддршка од Општина Карпош. На дводневниот пливачки турнир учествуваа натпреварувачи од земјава, соседните држави и регионот.

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој на учесниците им посака спортски успех и уште многу учества на пливачките турнири.

– Како локална самоуправа навистина многу инвестираме во спортот, во подобрување на спортската инфраструктура. Доделуваме стипендии на ученици – спортисти, а меѓу нив има и пливач(к)и. Исто така, во постапка сме за изведба на еден училишен, затворен базен во „Јан Амос Коменски“. Искрено се надевам дека имате убав престој во Скопје и од тука ќе си заминете со нови пријателства, достигнувања и лични рекорди во пливање – рече Богоев.

Турнирот започна со трка на лица – деца со попреченост, кои само уште еднаш потврдија дека спортот не познава граници и бариери.

Потоа продолжија натпреварувањата и во другите дисциплини, а Богоев ги додели медалите и дипломите за најуспешните.

Општина Карпош и понатаму ќе вложува во  развој на спортот на локално ниво. Интензивно се работи на обновување на училишните сали и игралиштата. Примарна цел е да се создадат подобри услови за спортување, што би резултирало со остварување на подобри резултати на спортистите, како на домашно така и на меѓународно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...