Карпошани се фатија за метлата

272

Голема еко акција ќе се одржи задутре во 10 часот во Општина Карпош, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев.

Тој ги повика сите граѓани, невладини организации, граѓански здруженија, приватни и општествено одговорни компании и институции што се наоѓаат на територија на Општина Карпош да се приклучат на акцијата.

Еколошката акција ќе се одржи на повеќе пунктови и тоа: Кеј на Вардар на две собирни места, во 10 часот под хотелот „Александар Палас“ кај фитнес зоната, и од другата страна кај крајот на булеварот „Илинден“ кај патеката што води до мостот Газела спроти Карпош 4.

Пункт ќе има кај Министерството за економија на улица „Јуриј Гагарин“. На булеварот „Партизански одреди“ четири собирни пунктови – кај автобуската постојка и пекарата Мал одмор спроти Симпо, кај Симпо, кај мостот „Обединети Нации“ кај воените кули, како и спроти воените кули кај трите бели кули во Карпош 4. Следен пункт на Тото кај млечен, пред кафе бар Ли, на Тото во трговскиот центар Лептокарија, на коцката пред кафе барот Ревија, како и пред порта Влае на плоштадот Делфина.

Во изјавата за медиумите, градоначалникот Богоев се осврна и на опожарениот дел на Кејот на Вардар (во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“).

– Преземаме иницијатива за целосно чистење на овој дел, заедно со Градот Скопје и јавните претпријатија. Исто така, преку повик ќе ги повикаме сите општествено одговорни фирми, градежни компании, да се приклучат во чистењето на овие депонии кои со години претставуваат рак – рана на овој дел од нашиот град – рече Богоев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...