Карневалот во Венеција откажан поради коронавирусот

147

Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот.

Иако се очекувало присуство на повеќе илјади туристи, кои цела година го чекале карневалот, поради големиот број заболени и две починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Иста мерка е преземена и во Милано, каде во рамки на модната недела е откажана ревијата на Армани.

Досега во Италија се регистрирани над 100 случаи на заразени од коронавирус, од кои две лица починаа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...