Германскиот град Трир, родното место на Карл Маркс, испечати банкнота во апоени од нула евра со неговиот лик. Повод за печатење на банкнотата е обележувањето на 200-годишнината од неговото раѓањето.
Банкнотата која е дело на маркетиншка компанија се продава како туристички сувенир и веќе стана атракција за туристите.
Колекционери и туристите кои го посетуваат Трир купиле повеќе од 100.000 банкноти со ликот на Маркс.
Инаку, оваа банкнота има и воден жиг, метална лента, печатена е на посебна хартија и генерално ги има сите карактеристики на банкнота.
Градот Трир оваа година во знак на Карл Маркс е преполн со сувенири.Секаде купат сувенири со неговиот лик: шолји, пенкала и постери, крпчиња за чистење очила, мали музички кутии и магнети.