Карлеуша ги поддржа протестите во Белград: Среќа попопуларна сум од сите режимски пејачи заедно

1562

Српската пејачка Јелена Карлеуша важи за жесток критичар на српската Влада, а тоа го покажа и вчеравечер со поддршка на протестите во Белград, кои ги организираше опозицијата под слоганот „Стоп за крвавите кошули“.

„БЕЛГРАД ВО МАСОВНИ ПРОТЕСТИ. Жал ми е што ова нема да го пренесе ниту еден медиум бидејќи на сила е апсолутна медиумска цензура. Среќа, попопуларна и последена сум од сите режимски пејачи заедно така да SORRY BITCHES… Зошто ми е слава ако како човек сум гомно? Го слушам моето срце“, напиша Карлеуша на Твитер.

Карлеуша не е единствената од јавните личности кои ги поддржаа протестите. Некои од нив дури и застанаа на чело на колоната предводена од лидерите на Сојузот за Србија. Меѓу нив беа и актерите Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ, Никола Којо, кошаркаршкиот тренер Душко Вујошевиќ и др.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...