Пратеникот на крилото од владеачката Беса, Неџбедин Каремани од собраниската говорница порача дека Албанците треба да се прашаат каде им е местото доколку не поминат уставните амандмани. Тој ги замоли сите пратеници да ги поддрѓат амандманите за иднината на земјата.
– Ако уставните амандмани не успеат Албанците треба да се прашаат каде им е местото – рече Каремани.
Тој додаде дека иако Албанците во државава се дискриминирани оти се нарекуваат малцинство, сепак рече дека за иднината на земјата и нашите деца треба да ги поддржат уставните амандмани.