Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта го назначи Мигел Кардозо за нов тренер кој ќе го замени Антонио Мохамед.
Смена на тренерското место во клубот од Виго е извршена поради слабите резултати и само една победа на последните десет натпревари под водство на Мохамед.
По 12 рунди во Ла Лига, Селта е на 14. место со 14 бода што не соодветствува со амбициите на раководството и навивачите.
Новиот тренер на Селта, 46-годишниот португалски фудбалски стручњак Кардозо, претходно ги предводел само Нант и Рио Аве.