Карди Би го откажа синоќешниот настап поради „ситуации надвор од нејзината контрола“. Покрај овој, откажани се уште неколку настапи, а според извор, 26-годишната раперка била советувана од доктор „да се фокусира на заздравување“.
– Таа сакаше да се врати на работа, па не зеде доволно одмор за да се опорави од операцијата. Докторите кажаа дека треба да ги откаже нејзините настапи во мај – било кажано.
Претходно, раперката признала дека и било потребно малку помош за да го врати своето тело какво што беше пред да се породи.
– Требаше да го откажам настапот. Не треба да настапувам бидејќи премногу движење може да ме уништи. Но, јас ќе си ги земам парите, ајде – кажала раперката.
ФОТО: EPA / PETER FOLEY