Дваесет и шестгодишната британска манекенка, Кара Делавињ објави видео на Инстаграм на кое таа се бакнува со 29-годишната ѕвезда на „Слатки мали лажливки“, Ешли Бенсон.
Фановите коментираат дека двојката не можела да одбере подобро време, бидејќи во јуни е Парадата на гордоста за ЛГБТИ заедницата.
– Тие живеат заедно и ова е прв вистински дом на Кара во Лос Анџелес. Ешли никогаш порано не била во ваква врска, сега е посреќна од кога и да било. Прават нормални работи како одење на кафе, го шетаат кучето, одат на филмови. Сакаат да останат и дома и да се релаксираат. Посветени се една на друга и навистина се заљубени – рекол извор за „Е! Њуз“.
Иако парот ги криеше деталите од романсата, фановите сметаа дека Кара и Ешли се заедно уште пред година дена, кога тие поминуваа се повеќе време заедно. Минатиот август Ешли носеше ѓердан со иницијалите „А“ и „К“.
Неодамна двете ѕвезди му вратија на „хомофобичните“ лица кои на интернет ја напаѓаа нивната врска.
Кара се изјасни како бисексуалка во 2015 година.
– Кога им кажав, луѓето ми велеа „Значи ти си геј“. Јас реков „Не, не сум геј“. Многу пријатели кои се стрејт имаат многу стар начин на размислување. „Па, ти си геј, така?“, тие не сфаќаат. Ако некој е во врска со девојка, или момче е во врска со друго момче, не сакам да бидат преплашени. Замислете да се омажам за маж. Луѓето би биле „Таа нѐ излажа нас“.
Кара претходно беше романтично поврзувана со Парис Џексон.
ФОТО: Инстаграм