Караџовски ги праша новинарите кој им кажал дека бил во обвинителството

369

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, излезе од зградата на Апелацискиот суд во Скопје каде е сместено Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, но не им одговори на новинарите зошто бил таму.

– Кој ве информирал дека сум бил таму? – праша Караџовски, а потоа рече дека имал службени обврски во таа зграда.

„Во врска со што“, го прашаа новинарите, а тој им рече: „Не можам да ви кажам“.

Како што веќе објавивме, тој беше повикан во својство на сведок во врска со случајот со распределбата на додатоците на плати на членовите на Советот.

Во декември минатата година Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите на медиумите за додатоците. Со донесените одлуки за членовите на Судскиот совет се определи да се исплатат додатоци во висина од 35 отсто од основната плата.

Караџовски одговарајќи на новинарските прашања дали тој ги потпишал одлуките, рече дека тој како претседател на Судскиот совет и на Судскиот буџетски совет ги потпишал одлуките дека се обезбедени средства и тие за исплата.

– Нормално, согласно закон – одговори тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...