Караџиќ ја обжали пресудата за доживотен затвор

237
ФОТО: МИА

Поранешниот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ, кој беше прогласен за виновен за најголемиот масакр на цивили во Европа по Втората светска војна, ја обжали пресудата на судот во Хаг, со која му беше изречена казна доживотен затвор.

– Радован Караџиќ ја обжали доживотната казна, која му беше изречена на 20 март, соопшти Судот во Хаг врз основа на правната информација поднесена од неговиот адвокат Питер Робинсон.

Караџиќ (73) беше прогласен за виновен за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој е прогласен за одговорен за масакрот на над 8.000 Бошњаци во Сребреница, за злосторства против човештвото, убиства и тортура, како и за кршење на воениот закон при опсадата на Сараево.

За време на војната БиХ беа убиени околу 100.000 луѓе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...