Каратистот Дејан Недев докторираше во Бугарија

342

Познаниот каратист Дејан Недев ја одбрани својата докторска дисертација на државниот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Бугарија, во средата.

Дисертацијата е со наслов „Истражување на зависностите помеѓу антропометриските показателии, моторните способности и вештини на 15-годишни ученици во услови на настава по физичко образование и спортски воннаставни активности по боречки спортови (карате, џудо, борење и бокс).

Недев го подготвувал 6 години истражувањето, кое е напишано на 278 страници. Низ 180 табели се прикажани разни резултати од мерењата и истражувањата со коментари.

Членови на комисијата за одбрана на докторската десертација беа најеминентни професори од областа на спортот во Бугарија и тоа: проф. д-р Ангелина Јанева -ментор, проф. д-р Елена Џамбазова, проф. д-р Димитар Михајлов од Националната спортска академија, проф. д-р Симеон Јорданов од НСА и проф. д-р Даниела Дашева поранешна министерка за спорт на Бугарија.

Пред две години на истиот Универзитет докторираше и постариот брат на Дејан, Аљоша Недев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...