Македонскиот каратист Фаик Весели обезбеди пласман во полуфиналето во категоријата до 61 килограм на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес.
Весели во полуфиналето ќе се соочи Јамаока Масаки од Јапонија, а ако победи ќе се бори во финалето. Поразените ќе добијат бронзен медал, без разлика на исходот на борбите.
На Младинските олимписки игри во Буенос Аирес Македонија ја претставуваат шестмина спортисти.