Во Неа Флогита Грција, од 10 до 16 јуни ќе се одржи јубилејниот 50-ти традиционален карате семинар и турнир „Неа Флогита 2018 година“.
Инструктори на карате семинарот ќе бидат Сенсеи Венцислав Недев 9 дан, Сенсеи Дејан Недев 6 дан и Сенсеи Аљоша Недев 6 дан. На семинарот ќе учествуваат тренери, судии и напреварувачи-каратисти од Македонија, Грција и Србија.
Овој семинар веќе 20 години се организира на егејското море од кој последните 5 години се одржува во Неа Флогита.
– Во минатото карате семинарите на МТКФ се организирале во Македонија во (Охрид, Струга и Дојран) на јадранско море во Црна Гора (Улцињ, Херцегнови, Будва) и на Црно море во Бугарија, (Приморско). На сите овие карате семинари инструктори биле најврвните светски карате мајстори како Сенсеи Хидетака Нишијама, Таиџи Казе, Хироши Шираи, Илија и Владимир Јорга. Семинарот во Неа Флогита ќе биде и од подготвителен карактер за престојниот ЕШ кој од 14 до 16 Септември 2018 година ќе се одржи во Белград, Србија. На крај од семинарот се предвидени и полагања за појаси и лиценци за тренери и судии како и турнир „Неа Флогита 2018“, информира МТКФ.