Караманлис: Владата требаше да ја слушне загриженоста на мнозинството граѓани

136

Владата требаше да ја почитува и внимателно да ја слушне логичната загриженост на големото мнозинство на граѓаните, но и да создаде, по сопствена иницијатива, услови за елементарен национален консензус, вели поранешниот грчки премиер Костас Караманлис, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека „не е дозволено, национални прашања од ваква важност да водат кон тензија што помага за создавање клима на поделба, јави дописничката на МИА од Атина.

– Критиката на Нова демократија за конкретниот договор е силна и целосно поткрепена со докази. Особено кога целиот процес на преговори беше во услови на неоправдано брзање и кога, очигледно, други се оние на кои им е итно да се реши ова прашање. Но, сигурно тоа не е Грција – вели Караманлис.

Поранешниот премиер од редовите на Нова демократија вели дека политиката на неговата влада што доведе до одлуката на НАТО во Букурешт, на земјата и донела особено ефективна преговарачка предност која што не била искористена како што треба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...