Красимир Каракачанов, бугарскиот министер за одбрана, за бугарската Нова ТВ уште еднаш потврди дека можеби нема да гласа за прием на Македонија во НАТО кога ќе треба да се ратификува согласноста.
– Не се согласувам со тоа Бугарија да постигнува компромис за својата историја – изјави претседателот на бугарското ВМРО, кое е коалициски партнер во владата на Бојко Борисов.
Деновиве тој е на удар на критичната јавност поради тоа што се расипал борбен авион на бугарската армија, а истовремено не направил и нов договор за снабдување на војката со исхрана.