Капитенот на Шведска ќе го пропушти раѓањето на своето второ дете

100
Капитенот на репрезентацијата на Шведска, Андреас Гранквист ќе го пропушти раѓањето на детето, за да игра в сабота против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Русија.
Сопругата на дефанзивецот требаше да се породи со второто дете во вторникот, еден ден по победата на Шведска над Швајцарија со 1:0 во осминафиналето.
Триесет и тригодишниот Гранквист изјави дека со неговата сопруга се подготвени за оваа ситуација.
– Планирам да останам тука и да играм против Англија. Мојата сопруга е силен човек и бевме свесни за сето тоа уште пред почетокот на Светското првенство. Ништо не се сменило. Нема да го пропуштам четвртфиналето – изјави шведскиот репрезентативец.
Гранквист не е единствениот играч кој стана татко за време на Мундијалот. Фудбалерот Фабијан Делф се врати во Англија за да присуствува на раѓањето на своето трето дете.
Дефанзивецот на Данска, Јонас Кнудсен, исто се врати во својата татковина, за да ја види неговата ќерка, која се роди три недели предвреме.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...