Капитенот на Тотенхем приведен поради возење во алкохолизирана состојба

146

Голманот и капитен на Тотенхем, Иго Лорис, бил приведен поради возење во алкохолизирана состојба.

Лорис рано утрово бил запрен при рутинска контрола и не го поминал тестот за алкохол. Тој потоа е пренесен во полициска станица, од каде подоцна му било дозволено да си замине со кауција.

Од локалната полиција соопштија дека поради прекршокот Лорис мора да се појави на 11-ти септември на суд во Лондон.

Инцидент се случи само три дена пред натпреварот против Манчестер јунајтед, а поради новонастаната ситуација засега е непознато дали Лорис ќе биде во составот на Тотенхем или пак ќе биде дисциплиниран од страна на тренерот Маурисио Покетино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...