Канје Вест тврди: Ќе дојде време кога ќе бидам претседател на САД

Канје Вест и претходно зборувал за намерата да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, како и дека би бил „поинаков претседател“.

228
U.S. President-elect Donald Trump and musician Kanye West pose for media at Trump Tower in Manhattan, New York City, U.S., December 13, 2016. REUTERS/Andrew Kelly TPX IMAGES OF THE DAY

Американскиот рапер Канје Вест повторно изјавил дека еден ден ќе биде претседател на САД.

Во емисијата на стриминг сервисот „Епл мјузик“, музичарот вчера пред излегувањето на својот нов албум „Jesus is King“ зборувал за различни теми – па дури и за Доналд Трамп, порнографијата, пишува „Франс прес“.

Рекол дека кога отворено го поддржувал републиканскиот претседател сакал да ги нервира неговите противници демократите.

Раперот е убеден дека еден ден ќе биде во Белата куќа.

– Ќе дојде време кога ќе бидам претседател на САД – рекол Канје, наведувајќи дека тогаш ќе се сети на оние кои не биле во состојба културолошки да го разберат тоа што го правел.

Канје Вест и претходно зборувал за намерата да се кандидира за претседател на САД во 2020 година, како и дека би бил „поинаков претседател“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...