Канје Вест се сретна со Доналд Трамп во Белата куќа, каде рече дека поради Трамп се чувствува како Супермен.
Во Белата куќа тој отиде со качкет на којшто пишува „Make America great again“, што беше и слоганот во претседателката трка на американскиот претседател.
– Има нешто во тоа кога ќе го ставам овој качкет на глава, поради него се чувствувам како Супермер – рекол Вест.
Тој со Трамп разговарал за своето биполарно пореметување.
„Тоа навистина беше нешто. Беше од душа“, рекол Трамп откако раперот завршил со излагањето.
„Го сакам овој тип“, рекол Вест и отишол да го гушне Трамп.
Во текот на 10-минутниот монолог на раперот на разни теми, Вест открил дека пријателите го наговарале да не го носи качкетот, пренесува Би-Би-Си.
„Ми рекоа да не го носам, но на некој начин ми дава моќ“, зборувал Вест.
За време на состанокот, новинарите го прашале Трамп што мисли за потенцијална кандидатура на Вест за претседател на САД, на што тој им одговорил: „Може да се случи“.