Независната пратеничка Елизабета Канческа Милевска и порача на власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањет на промена на Уставот.
– Владата треба да се заложи во овој период да се постигне национален консензус за ова прашање. Ако некој мисли дека ќе добие политички поени во овој процес многу се лаже. Не треба да се делиме на патриоти и предавници. Треба да најдеме модул и начин во државата да има подобар живот- рече Канческа Милевска.
Реплицирајќи и премиерот Заев рече дека ќе се трудат да има вграденост на опозицијата и власта во, како што рече, еден процес кој значи сервис за граѓаните. и додаде дека за цело време на преговорите со Грција ја информирал опозицијата за се што се случува.
– Добродојден е секој капацитет за да ги дополниме амандманите. Во нив веќе се вградени делови од разговорите со осумте пратеници од опозцијата што ја поддржаа потребата од уставни амандмани за имплемнтација на Договорот од Преспа, рече Заев.